За Нас

Хотел Амбасадор е изграден во 2001 г. по најнови методи и претставува нов современ и атрактивен објект. Самото тоа значи дека ги исполнува стандардите за хотелско сместување, а се надеваме и сите Ваши потреби и желби.

Елегантно опремениот Хотел е лоциран на магистралниот пат Охрид-Скопје на 5 км. од градот Охрид и 2 км од охридскиот аеродром и на само 150 метри од брегот на Охридското Езеро, далеку од градскиот метеж и претставува идеално место за за тие што сакаат да се релаксираат, за организирање викенд одмори, летни аранжмани, подготовки на спортски екипи, реализирање на бизнис средби и семинари како и разни видови свечености. Хотел Амбасадор располага и со сопствен бар и нуди улсуги и за собен сервис 24 часа, како и услуги за сервиси за перење, пеглање, шиење, чистење обувки.

Располагаме со сопствен паркинг. Одличен простор за влез и излез на возила и автобуси.
Загревањето на хотелот е постојано со сопствено парно греење, а ресторанот и собите се и климатизирани.
Во рамките на нашиот хотел се наоѓа и ресторан познат по долгогодишната традиција на организирање на свадби и разни видови на свечености.
Создавајќи го нашиот бренд, низ годините, се фокусиравме врз исполнувањето на стандардите, очекувањата и желбите на нашите гости. Исто така, препознатливи сме секако и по пристапните и флексибилни цени, кои се надеваме дека ќе ги исполнат вашите очекувања.


Ве очекуваме, заедно да поминеме незаборавни денови исполнети со уживање и релаксација.