Ресторан

Ресторанот во хотелот е со капацитет од 400 седишта.

Во ресторанот се служат разни топли и ладни предјадења - стартери и јадења со широк асортиман на национални и интернационални кулинарски специјалитети.
Влијанието на различните култури од минатото на овие простори оставило значаен белег и врз традиционалната кујна. Мешавината на зачини, намирници и вкусови како сплет кај локалните специјалитети, богатството на ориенталните вкусови, вкусовите на медитеранот или интернационалната кујна ја прават кујната на Хотел Амбасадор да биде едноставно чувство на задоволство и уживање. 
Ентериерскиот елегантен израз преку хармонијата на боите и високопрофесионалната услуга на персоналот, како и кулинарските специјалитети на нашата кујна го прават секој поминат момент во објектот автентичен и посакуван да се повтори.
Нашиот ресторан Ви нуди можност за организирање на разни свечености: коктели, свадби, крштевки, матури, родендени и слично.

*Ресторантската сала има можност за поделба на 3 посебни сали за помали свадби и други видови на свечености



360 Панорама: